Новороденче било спасено два дена откако било фрлено во дупка, која служела како септичка јама, во двор на напуштена куќа во Индонезија. Локалните жители слушнале силен плач кој доаѓал од една куќите во нивното соседство. Откако биле повикани полицајци и спасувачки служби, бебето било извлечено од под куп ѓубре, гранки и лисја, со кои оној што го оставил веројатно сакал да го скрие за никој да не го види.
Малото момче веднаш било пренесено во болница каде се опоравува, а засега е во стабилна состојба. Според сведочењата на мештаните, пренесува Битански Дејли Мејл, голем број од очевидците не можеле да ги скијат солзите кога виделе што спасувачите вадат од дупката и во каква состојба било бебето.
Тоа имало расекотина на главата, а полициајта во моментов работи на наоѓање на родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


