| четврток, 6 декември 2018 |

Илуминатите имаат официјална страница на Фејсбук (ВИДЕО)

Тајното друштво Илуминати има сопствена страница на Фејсбук, штиклирана со сино.

Името „Илуминати“ историски се однесува на тајна група основана во Баварија во доцните 1700-ти, формирана со цел да ги оспорува суеверијата и религиозната контрола на државата. Денеска името се поврзува со една од најпространетите теории на заговор.

Тие што веруваат во оваа теорија веруваат дека семисатанска тајна група, која се нарекува себеси Илуминати, ги контролира или манипулира настаните во светот со инфилтрацијата на демократијата зад кулисите, со цел да се создаде „нов светски поредок“.

Од скоро ова тајно друштво има своја страница на Фејсбук и преку 380.000 следбеници.

Теоретичарите на заговори се пресреќни кога шпекулираат во врска со членството во Илуминатите, по пат на дешифрирање на гестикулации на рацете и симболи.

Ова а е често обвинение за претседателите на САД, на пример. Теоретичарот на заговори Давид Воуз тврди дека гестикулацијата на прашалник на Доналд Трамп е „отворено признание за неговата тајна поврзаност со Илуминатите“.

Тоа исто така значително се поврзува со Џастин Бибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top