| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец ја истепал сопругата, па се обидел да ја затвори

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Д. (43) од струшкото село Ложани.

На 29 јуни годинава околу 22 часот во семејниот дом во селото Ложани, поради нарушени брачни односи настанала жестока вербална расправија на пријавениот со неговата сопруга.

Во еден момент од караницата Г.Д. физички ја нападнал сопругата, силно стегајќи ја со рацете во пределот на подлактниците и надлактиците и влечејќи ја со цел да ја затвори во собата за да не излегува од дома.

Притоа, тој предизвикал страв и вознемиреност кај сопругата и ѝ нанел видливи телесни повреди што подоцна биле констатирани во Општата болница во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top