Македонските јавни личности дадоа поддршка и се приклучија кон иницијативата на неколкуте здруженија за заштита на животните против новиот предлог за промена на Законот за заштита и благосостојба на животните. Кошаркарот Перо Антиќ, бројни глумици меѓу кои и Весна Бејби Петрушевска, Амернис Нокшиќи, Јета Реџеповиќ, музичарите водители Маријана Станојковска, Зоран Василевски, Хелена Роза; Драган Б. Костиќ, танчери од Танцот со ѕвездите… На Фејсбук се побројни се фотографиите на кои познатите држат лично напишани пораки во кои бараат „СТОП за еутаназијата на бездомните кучиња“.
Според новиот предлог закон со кој се предвидува заловените животни, односно кучиња скитници да се усмртуваат доколку во рок од 30 дена не им се најде сопственик, а не како досега, да се стерилизираат, вакцинираат и да се враќаат назад. Здруженија кои се против законот поднесоа бројни амандамни. Во кампањата наречена „Правда за животните“влегуваат Анима Мунди, Мали Херои (Битола), Гласот на животните (Велес), Асоцијација на активисти за права на животните (ААПЖ). Тие гласно кажаа „СТОП“ за еутаназијата на бездомните животни.
Тие велат дека оваа кампања ја почнале бидејќи сметаат дека еутаназијата е нехумана, неефикасна и повлекува исклучителни финансиски загуби.
-Искуствата велат дека 70% од животните во Македонија се убиваат. Предлогот на институциите е да секое бездомно животно може да биде усмртено по 30 дена од неговото заловување – што е во целост неетично и неприфатливо и би значела целосна елиминација на животните по улиците! Ваквиот предлог закон е во целосна спротивност со европските директиви. Нашите предлог амандмани се усогласени со стандардите на европската легислатива и во нивното изготвување се директно вклучени наши бројни соработници – претставници од најсилните интернационални здруженија за заштита на животните, како и правници од Европската мрежа на адвокати и комисионери за права на животните во ЕУ и финализирани од представник на ОИПА интернешнал, Едоардо Гандини , лобист за правата на животните во ЕУ – велат тие.
Нивните основни барања се:
1) ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ – (зошто над 70% од животните во Македонија се убиваат). Предлогот на институциите е да секое бездомно животно може да биде усмртено по 30 дена од неговото заловување – што е во целост неетично и неприфатливо)
2) ПОСИЛНА ЗАШТИТА НА ФАРМСКИТЕ ЖИВОТНИ И ИСФРЛУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ КАФЕЗЕН СИСТЕМ ЗА ЧУВАЊЕ КОКОШКИ НЕСИЛКИ ПО ПРЕОДЕН ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА, ЗОШТО НЕ ЗАДОВОЛУВА ОСНОВНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРИРОДНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ (кафез А4 формат, каде птиците не можат ни да ги рашират своите крилја, страдаат од трауми, вирози, болести и депресија;
3) ЗАБРАНА ЗА ОДГОЈ НА ЖИВОТНИ ЗА КОЖА И ПЕРДУВИ; 4) ЗАКОНСКИ ОВЛАСТУВАЊА И ИНВОЛВИРАЊА НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО СИТЕ ПРОБЛЕМАТИКИ КОИ ГИ ЗАСЕГААТ ЖИВОТНИТЕ (членување пред се во етичката Комисија која ќе се воспостави од институциите, зошто без инволвирањата на оние кои се залагаат за животните етичката димензија на Комисијата сериозно се доведува во прашање,
5) ЗАБРАНА/РЕДУЦИРАЊЕ НА ЕКСПЕРИМЕТИ ВРЗ ЖИВОТНИ СЕКОГАШ КОГА НЕ Е НУЖНО И/ИЛИПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА, 6) ЗАКОНСКО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА СЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОДНОС НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА НИВНАТА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА
7) СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, ЕВИДЕНЦИЈА И САНКЦИОНИРАЊЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖИВОТНИТЕ
Повеќе фотографии на официјалната страница на здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.