Како дете половина од времето го поминав така што ги забавував со моите настапи другите во дневната соба, а другата половина од времето се повлекував во мојот рај, мојата детска соба, и таму пишував поезија и цртав“, вака актерот Џим Кери во својот документарец „Ми требаше боја“ го коментира својот живот. Шестминутно видео снимено во уметничкото ателје на актерот, каде што самиот се спознава преку своите уметнички дела и за тоа зборува искрено и отворено.
-Сликата што сум ја насликал ми кажува што треба да знам за себе, вели Кери во документарецот, во кој може да се забележи дека целиот негов дом е претворен во една огромна галерија, со негови авторски дела насекаде.
-Дури и јадам врз моите слики“, се шегува актерот. Тој страдаше од тешка депресија, а дополнително неговиот дух го скрши и самоубиството на неговата девојка, Катриона Вајт, во 2015 година. Актерот го обвинуваат за убиство, тој бара докази дека не е виновен..Сепак мора да признаеме дека Кери изненади пријатно со неговите насликани дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)