| четврток, 6 декември 2018 |

Сите трофеи на Надал на Ролан Гарос (фото)

Рафаел Надал е уникатен пример во светот на тенисот, со 8 титули на ист гранслем, а подвигот го комплетираше вчера со нов триумф во Париз. Со блескавиот успех против Давид Ферер, Рафа сега е рекордер и според бројот на победи на Ролан Гарос, точно 59, една повеќе од легендите Гилјермо Вилјас и Роже Федерер.

Nadal

Надал е жива легенда  на парискиот гранслем, а единствен што го победил на овој турнир е Швеѓанецот Робин Содерлинг во 2009 година.

Soderling

Каков биланс, за аналите на светскиот спорт, остварен на еден од најтешките и највредни турнири на светот. Рекордни 59 победи и само еден пораз. Надал има 27 години и доволно време да го урне и рекордот на Роже Федерер со 17 круни на гранслем-турнирите. Рафа сега има 12 и ако не му се повторат проблемите со колената, пред него е голема шанса да го мине лутиот ривал.

– Ако некој може да го престигне Федерер, тоа е Надал. Тој е најдобар тенисер на светот – вели Ферер, кој го загуби своето прво гранслем-финале. Во една сезона се играат 4 гранслема, во Австралија, Париз, Лондон и во Њујорк, па шансите на шпанскиот ас за избивање на врвот на вечната листа според бројот на гранслем-титули се големи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top