| четврток, 6 декември 2018 |

Заробени патници врескале за помош: Двокатен автобус се заби во продавница во Лондон

Двокатен автобус утрово се забил во продавница на една фреквентна улица во центарот на Лондон. Биле повредени неколку луѓе, а две лица биле заробени во автобусот на горниот кат од каде што барале помош.

– Возачот на автобусот е однесен в болница на југот на Лондон, а малиот број патници на самото место беа згрижени од итната медицинска помош – соопшти лондонската полиција.

– Двајца патници останаа заробени на горниот кат од автобусот – навеле во соопштението официјалните лице додавајќи дека пожарникарите и спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.

Британската полиција за несреќата била известена нешто по седум часот наутро, а причината за судирот е се уште непозната. Според зборовите на очевидците, инцидентот предизвикал сообраќаен колапс, а полицијата ги замолила граѓаните на Лондон да ја избегнуваат улицата „Лавандер хил“, местото каде што се случила несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top