| четврток, 6 декември 2018 |

Сајмон Мерелс, актерот од „Спартак“: Се гледаме во Македонија

 2035 го­ди­на, по гло­бал­на­та еко­ном­ска кри­за. Тем­на ќе­ли­ја. Курт се оби­ду­ва да го до­фа­ти бед­ни­от оброк оста­вен од дру­га­та стра­на на без­бед­нос­ни­те ре­ше­тки. Се ма­чи да дој­де до гол­тка во­да што ќе му ја згас­не жед­та… ба­рем на су­ви­те ис­пу­ка­ни ус­ни… Очи­те му се кр­ва­ви. Ќе­ли­ја­та е тем­на, влаж­на… Се по­ја­ву­ва Хол­гарт. Об­ле­чен во мас­ли­не­ста бо­ја, ци­нич­но му се смее на Курт. Ли­чат еден на друг. Има две раз­ли­ки. Хол­гарт е сло­бо­ден чо­век.  Но, Курт че­ка по­томс­тво. Не­што што Хол­гарт го не­ма. Про­ра­бо­ту­ва ре­вол­тот, љу­бо­мо­ра­та, ко­ја се пре­то­чу­ва во не­чо­веч­но од­не­су­ва­ње…

Хол­гарт се ви­ка Де­јан Ли­лиќ. Тој доби можност да глу­ми во ита­ли­јан­ски филм зад кој стои ита­ли­јан­ски­от ре­жи­сер Ло­рен­цо Спор­ти­ло. Во фил­мот нас­ло­вен ка­ко „Ин­декс ну­ла“ (Index zero), зад кој стои Lion Pictures International, се по­ја­ву­ва и Ме­то Јо­ва­нов­ски.

„Ре­пуб­ли­ка“ има­ше мож­ност еден ден да при­сус­тву­ва на сни­ма­ње­то на но­ви­от филм на кој ра­бо­ти про­дук­ци­ја­та КЦБ, про­дук­ци­ја на Ма­ке­до­не­цот Вла­ди­мир Кр­стев­ски, кој во сво­ја­та би­о­гра­фи­ја има ни­за ус­пеш­ни фил­мо­ви за го­ле­ми­те стран­ски про­дук­ции.

sajmon i ana

Сај­мон Ме­релс ма­ке­дон­ска­та јав­ност го знае од уло­га­та на Марк Крас од „Спартак“. Тој е на по­се­бен ре­жим на ис­хра­на. За вре­ме на по­ја­до­кот, на кој ја­де­ше са­мо лу­бе­ни­ца, рас­ка­жу­ваа за ше­ги­те што ги пра­ве­ле из­ми­на­ти­те де­но­ви. На удар бе­ше Ана, романската актерка, по­ра­ди неј­зи­ни­от страв од пе­пе­ру­ги. Таа бе­ше воз­не­ми­ре­на би­деј­ќи прет­ход­на­та ве­чер, за вре­ме на сни­ма­ње­то на ед­на од сце­ни­те не­ма­ла хра­брост да ги до­пре ле­бар­ки­те. Иа­ко Ло­рен­цо има­ше це­лос­но раз­би­ра­ње за неј­зи­ни­от страв, таа бе­ше раз­о­ча­ра­на са­ма од се­бе…

Сај­мон Ме­релс: Спар­так ми го про­ме­ни  жи­во­тот

Тој е акте­рот што се прос­ла­ви пре­ку се­ри­ја­та „Спар­так“. До­кол­ку на ин­тер­нет по­ба­ра­те ин­фор­ма­ции за не­го, ќе ви­ди­те две це­лос­но раз­лич­ни лич­но­сти. Пред и по „Спар­так“. За уло­га­та во „Спар­так“ има ос­ла­бе­но по­ве­ќе од  12 ки­ло­гра­ми, ре­дов­но веж­ба и изг­ле­да мно­гу пом­ла­до од по­ра­но. Има 47 го­ди­ни, а за но­ви­от ита­ли­јан­ски филм во кој ра­бо­ти и за ма­ке­дон­ска­та про­дук­ци­ја ста­ци­о­ни­ра­на во Со­фи­ја, има ос­ла­бе­но уште се­дум-осум ки­ло­гра­ми. Уло­га­та ја до­бил на ау­ди­ци­ја што би­ла на­пра­ве­на во Лон­дон.

Кој е Курт?

Ме­релс: Курт  е пре­жи­ву­ва­чот во овој свет, кој го по­ста­вив­ме, во овој ре­а­ли­стич­ки по­сте­ко­ном­ски и еко­ло­шки ко­ла­би­ран свет. Тој по­рас­нал во пос­лед­ни­те фа­зи од чо­веш­тво­то, пред тоа да се ур­не. Има спо­ме­ни од не­го­во­то дет­ство, ко­га, всуш­ност, имал дом, но се  ур­нал мно­гу бр­гу. От­то­гаш сè е де­ге­не­ри­ра­но и тој не­ко­гаш бил, бу­квал­но, во пле­мен­ска за­ед­ни­ца, но че­сто и оста­вен сам на се­бе ка­ко но­мад дви­жеј­ќи се на­о­ко­лу, пре­жи­ву­вај­ќи, по­ми­ну­вај­ќи низ опас­ни искус­тва, но ре­шил де­ка му е нај­до­бро сам. И то­гаш ја срет­нал Ив, ја за­поз­нал пред не­кол­ку го­ди­ни, би­ла со гру­па де­ца и мла­дин­ци, но, на не­кој на­чин би­ла тур­на­та на стра­на, из­бр­ка­на од гру­па­та. Тие се гле­да­ат, на не­кој на­чин се чу­ва­ат и мис­лам де­ка се пре­поз­на­ва­ат де­ка се исто „жи­вот­но“. Таа го сле­ди ко­га ја на­пу­шта таа око­ли­на и со вре­ме ја при­фа­ќа ка­ко дру­го „ку­че“ … Тие ста­ну­ва­ат двој­ка и се за­ед­но уште от­то­гаш. Се­га таа е бре­ме­на и па­ту­ва­ат до гра­ни­ца­та за да се оби­дат да вле­зат во тој ви­та­лен свет по­ра­ди де­те­то.

Се про­на­о­ѓа­те ли во ли­кот?

Ме­релс: Да, ко­га сни­ма­ме се на­о­ѓаш се­бе­си на ме­сто што  функ­ци­о­ни­ра, ре­ша­ваш кои се па­ра­ме­три­те на ка­ра­кте­рот, што би на­пра­вил, а што не би на­пра­вил, но ка­ко што одиш по­на­та­му откри­ваш но­ви ра­бо­ти. Се вов­ле­ку­ваш во си­ту­а­ци­ја­та и ре­а­ги­раш на неа, а тоа или го чув­ству­ваш ка­ко ви­стин­ско или не, па ра­бо­тиш до­де­ка не го по­чув­ству­ваш, до­де­ка ре­жи­се­рот Ло­рен­цо е сре­ќен и ве­ру­ва во тоа. Ова е тре­та не­де­ла од сни­ма­ње­то се­га, па ра­бо­ти­те ста­ну­ва­ат, на­ви­сти­на, по­лес­ни, чув­ству­ваш де­ка по­ин­стин­ктив­но ги зна­еш.

фото: Viviana Berti

фото: Viviana Berti

Ра­бо­ти­те во не­за­дол­жи­тел­на ат­мо­сфе­ра, со ре­жи­сер што е мно­гу ре­ла­кси­ран, кој знае да ја ка­на­ли­зи­ра нер­во­за­та.

Ме­релс: Тој е млад ре­жи­сер, ова е не­гов прв филм, но, Бо­же мој, тој го на­пи­ша ова, го знае од­на­тре кон над­вор и со Ана си ко­мен­ти­рав­ме – не е де­ка са­каш, но и да са­каш не мо­же да ти се прот­не ла­га по­крај не­го, има не­ве­ро­јат­но око за ви­сти­на­та и знае што да­ва ре­зул­та­ти и функ­ци­о­ни­ра, а што не, ап­со­лут­но го раз­би­ра овој ме­ди­ум. Мис­лам де­ка е ви­стин­ски та­лент. Огром­на ра­бо­та е да се би­де ре­жи­сер,тоа е ка­ко да сте ге­не­рал што ја во­ди вој­ска­та, си­те ти до­а­ѓа­ат со пра­ша­ња и да, тоа е це­лос­на ра­бо­та, но мис­лам де­ка е за­до­во­лен. Под стрес е, што е при­род­но, но мис­лам де­ка е за­до­во­лен со тоа што го има до­се­га и де­ка сме на до­бар пат, на­деж­но е.

Прв­пат ра­бо­ти­те на Бал­ка­нот?

Ме­релсЛу­ѓе­то од Бал­ка­нот се, на­ви­сти­на, фи­ни, Бу­га­ри­ја има комп­лет­но раз­лич­на исто­ри­ја од ка­де што до­а­ѓам јас. Мо­ја­та ра­бо­та е фас­ци­нант­на би­деј­ќи ми овоз­мо­жу­ва да па­ту­вам низ це­ли­от свет и да по­се­там ме­ста, кои, ве­ро­јат­но, не би ги по­се­тил. Срет­нав не­кол­ку не­ве­ро­јат­ни лу­ѓе, но, зна­е­те, ова е на­ви­сти­на те­шко сни­ма­ње, јас не сум ту­рист и не мо­жам мно­гу да истра­жу­вам на­о­ко­лу. Но, лу­ѓе­то што ги за­поз­нав, Ита­ли­јан­ци­те, Бу­га­ри­те и Ма­ке­дон­ци­те од еки­па­та се од­лич­ни лу­ѓе, по­са­ку­вам да ги збо­ру­вав и три­те ја­зи­ци. Мо­же­би би ги олес­ни­ло ра­бо­ти­те по­не­ко­гаш, но во Анг­ли­ја не­ма­ме баш нај­до­бра ја­зич­на еду­ка­ци­ја од ма­ли но­зе, ка­ко што ве­ро­јат­но има­ат дру­ги­те ме­ста во Евро­па. Но, ете ми­ло ми е што го ви­дов ова ме­сто, си­те ло­ка­ции за сни­ма­ње­то се не­ве­ро­јат­ни и чу­дес­ни, не мо­раш ни да ја упо­тре­бу­ваш сво­ја­та фан­та­зи­ја, сѐ е ту­ка пред те­бе.

sajmon i dejan sec

Еден од Ма­ке­дон­ци­те што ги за­поз­на­вте е и Де­јан Ли­лиќ, со ко­го за­ед­но глу­ми­те.

Ме­релс: Са­мо што се за­поз­нав­ме и са­мо што го на­пра­вив­ме на­ше­то пр­во ма­ло дел­че за­ед­но, но пр­во не­што што по­мис­лив бе­ше – кол­ку фи­но мом­че е, со до­бра смис­ла за ху­мор, што е се­ко­гаш мно­гу важ­но и, спо­ред пр­ва­та сце­на што ја ра­бо­тев со не­го, мис­лам де­ка е мно­гу до­бар актер и за­до­волс­тво ми е да ра­бо­там со не­го.

Ба­рај­ќи ин­фор­ма­ции за Ва­ша­та би­о­гра­фи­ја на­и­дов на ста­ти­ја во ко­ја рас­ка­жу­ва­те ка­ко сте ос­ла­бе­ле за уло­га­та во „Спар­так“. Ка­ко да сте два раз­лич­ни ли­ка. Тре­ти­от го за­поз­нав ко­га дој­дов во Бу­га­ри­ја. Мо­рам да приз­на­ам де­ка изг­ле­да­те пом­ла­до од по­ра­но.

Ме­релс: За вре­ме на „Спар­так“ за­гу­бив мно­гу ки­ло­гра­ми веж­бај­ќи и тре­ни­рај­ќи за ра­бо­та­та, имав­ме камп за обу­ка и тоа, на не­кој на­чин, ми го про­ме­ни жи­во­тот би­деј­ќи про­дол­жив со веж­ба­ње и по тоа и, всуш­ност, ве­ру­ва­ле или не, ужи­вам во тоа. Ко­га ја до­бив оваа уло­га и го про­чи­тав сце­на­ри­о­то, зна­ев де­ка е важ­но да про­дол­жам да изг­ле­дам цвр­сто, но и да го „вов­ле­чам“ сто­ма­кот уште мал­ку. Ако го ви­ди­те овој чо­век без не­го­ва­та об­ле­ка  и со при­каз­на­та де­ка тие пре­жи­ву­ва­ат од ин­се­кти, мо­ра­те да се оби­де­те што по­ве­ќе да ѝ би­де­те до­сто­ен на уло­га­та. Ако го ви­ди­те и за­бе­ле­жи­те ма­ло сто­ма­че на не­го, ќе си ре­че­те „од ка­де дој­де тоа“. На не­кој на­чин ужи­вав, бе­ше пре­диз­вик, но имам и де­но­ви „лаж­лив­ци“, ги ви­кам та­ка де­но­ви­те ко­га ја­деш сѐ што са­каш. Оста­то­кот од вре­ме­то се тру­диш да се при­др­жу­ваш до мно­гу „чи­ста“ хра­на, со мал­ку јаг­ле­ни хи­дра­ти, ше­ќер…Но, не сум мно­гу ек­стре­мен.

Се гле­да­ме во Ма­ке­до­ни­ја?

Ме­релс: Би са­кал да дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја до­де­ка трае сни­ма­ње­то на фил­мот. Но не ве­ру­вам де­ка ќе имам вре­ме. Ра­бо­ти­ме шест де­на во не­де­ла­та и, за жал, не ве­ру­вам де­ка имам вре­ме да па­ту­вам. Но, ко­га ќе за­вр­ши сни­ма­ње­то е дру­га при­каз­на. Ако не по­ра­но, тоа мо­же да се слу­чи на пре­ми­е­ра­та на фил­мот. Се гледаме тогаш, зо­што да не.

Разговараше: Билјана Зафирова
Главна фотографија: Ана Калчева (Бугарија)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top