Само што стивна фамата околу нереализираниот развод на Аца Лукас од Соња, кој го следеше и приказната за наводната афера на сопругата на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ со Лукас, во јавноста испливаа пораките на Ана упатени на Лукас.
Се шушкаше дека Ана и Лукас биле во врска пред нејзиниот брак со Дарко, но од пораките може да се заклучи дека меѓу нив се случувало нешто и за време на неговата разделба од Соња. Пораката се испратена на 2 овој месец.
-Секој има свој начин на самодеструкција, ова ноќва е мојот. Те прашав Зошто, и не добив одговор. Нема веројатно ни сега, а моите милион прашања зошто, заслужиле одговор. Моите повици заслужиле да добијат одговор, бидејќи кога ти мене ми пишуваш, Јави се ми требаш, јас се јавувам, бидејќи ти требам.Сум заслужила јас многу нешта, секако се спротивно од она што сега ми правиш-напишала Ана и признала.
-После она што се случи пред 5 години си ветив на себе дека никому нема да дозволам да го разбуди тоа чувство во мене, и повторно дозволив. И тоа повторно на тебе, затоа што сакав да ти верувам, затоа што сакав да ти пружам шанса да ми докажеш дека си се она што мислам дека си. Тој човек што јас го гледам не ги прави овие работи. Секогаш на прво место сум те почитувала како човек, да дури после тоа како маж-пишува Ана која на Лукас му посакува среќа.
-Никогаш ништо не би направила да те повредам, бидејќи сакам да бидеш среќен. И покрај се, јас тоа ти го посакувам-напишала Ана Севиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ана Севиќ зборува за веридба додека Дарко лежи во болница: Во студио влезе со Даниел и спомена брак!
-
Еве каде живееше Ана Севиќ пред да му стане девојка на Дарко Лазиќ (галерија)
-
Ана Севиќ секој ден е крај поранешниот маж: Едвај чекам да види колку е сакан!
-
Дарко заслужува да го помине овој тест, судбината е чудо: Зборовите на Аца Лукас ќе ве трогнат!