| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја следи модата на Еди Рама (ФОТО)

Ниту еден политички потег не го прослави албанскиот премиер толку многу колку што го прослави модниот избор на официјалните средби со европскиот и американскиот политички врв. Европејците му прогледаа низ прсти, кај Американците не помина албанската лежерност, но секако најголем успех за албанскиот премиер е тоа што доби следбеник.

Вечерва неговиот колега Зоран Заев е на трибините на арената „Филип Втори“ и во друштво на Талат Џафери ужива во европскиот фудбалски спектакл.

Нашето остро око забележа дека за оваа пригода Заев избрал полежерен модел обувки, како што обично носи и неговиот колега Рама. Сепак, Заев не се осмелил да облече бели обувки, туку црни со бела гума.

За првпат и не е малку, а изгледа на добар пат е да стане Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top