| четврток, 6 декември 2018 |

Силјановска: Законот за јазици излегува од Уставните рамки

Владата го објави предлог-законот за употребата на јазиците. Тој има третман на Закон важен за Европските интеграции, што значи ќе се усвојува во скратена процедура, односно по тридневна расправа во Собранието.

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека Законот за јазици излегува од Уставните рамки, но е надвор и од Рамковниот договор.

-Ветувањето на сегашната Влада беше дека пред да пристапи кон донесување на Закон ќе ја консултира пошироката стручна јавност. Тоа не се случи. Ова би го окарактеризирала како право во границите на политиката наместо обратно. Мислам дека е вака, затоа што со закон не можете да смените, ниту да дополните Устав тој мора да има уставен основ, за жал, овој закон ги надминува уставните рамки и е надсвор од рамковниот договор, вели професорката за ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top