Министерството за внатрешни работи информира дека ги презело сите потребни мерки и активности со цел организацијата на Суперкуп натпреварот на УЕФА меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје да помине во најдобар ред.
– Ангажирани се 2600 полициски службеници кои се задолжени за безбедноста на присутните во фудбалската арена „Телеком“, реонот околу фудбалскиот стадион и фан-зоните, каде што поголем дел од денот престојуваат навивачите на двата клуба. Според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер јунајтед и знамиња на Шпанија и Англија, соопшти МВР.
Министерството апелира до сите кои имаат билети за следење на овој натпревар да дојдат порано на националната арена за да избегнат непотребни гужви.
– На влезот се предвидени ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети, наведува МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?