Јужноафриканецот Луво Мањонга е нов светски шампион во скок во далечина, откако имаше најдолг скок на Светското првенство во Лондон од 8.48 метри. Со овој резултат тој со обезбеди место меѓу бесмртните како Боб Бимон, Карл Луис, Мајк Пауел…
Кога ќе се додаде дека бил и јуниорски светски шампион, тогаш неговот оствартување не звучи како сензација. Меѓутоа, ако се знае дека во блиското минато малку застрани од патот, стана наркоман и длабоко загазил во криминалот, тогаш овој негов успех во Лондон претставува голем подвиг.
Бев на чекор до смртта. Можеби пет одсто ме делеше од тоа, откри 26 – годишниот Мањонга.
Тој бил зависник од кристален метамфетамин до пред шест години, бидејќи во Кејптаун воопшто не е тешко нкој да се навлече на дрога.
Бев на дното, блиску до смртта. Преживеаав пекол, дрогата ме водеше до самоуништување. Што се немам работено, провалував во куќи , крадев телефони… Само за да можам да купам дрога, признава Мањонга.
На крај реши да замине на рехабилитација и се преселил во Праторија. Се вратил на здравиот живот и денеска е светски шампион.
Во меѓувреме доживеа уште еден тежок удар. Неговиот тренер Смит загина во сообраќајна несреќа кога требало да се најде со него.
Тоа беше силен удар. Тогаш се најдов на раскрсница, имав две опции, или во Рио да се најдам на подиум, или да се предозирам пред 30 – та година, истакна Луво.
Јасно е кој пат го избрал. Две години подоцна на Олимписките игри освои сребрен медал, а сега и светското злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.