Единствената руска атлетичарка на Олимписките игри, Дарја Клишина го доби случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) за да добие зелено светло за настап во скокот во далечина.
Клишина беше единствената, од 68. Руси, на која ѝ беше дозволено да настапи во Рио од страна на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) бидејќи беше тестирана во САД, каде што живее три години. Меѓутоа, подоцна ИААФ се премисли и поради „нови докази“ реши да ја суспендира Клишина.
ЦАС, пак, одлучи дека Клишина ги исполнува критериумите и дека може да настапи на квалификациите кои почнуваат денеска. Таа веднаш тренираше на Оимпискиот стадион. Финалето во скок во далечина е в среда.
Yesterday I appealed the decision by the IAAF to ban me from the Rio Olympic Games and other IAAF international… https://t.co/68iXFqiOR8
— Darya Klishina (@DaryaKlishina) August 15, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.