Руската атлетичарка и една од најголемите фаворити во скок во далечина, Дарjа Клишина е суспендирана од Олимписките игри во Рио, соопшти денеска светската атлетска федерација.
Таа претходно откако докажа дека не е уклучена во колективната допинг-афера на руските атлетичи доби специјален статус и дозвола да се натпреварува. Меѓутоа, сега е донесена нова одлука на основ на новите докази до кои дојде Светската антидопинг организација, ВАДА.
– Оваа нова ситуација со Клишина е цинично однесување на Светската атлетска федерација – изјави Александар Жуков, шефот на олимпискиот тим на Русија.
Клишина веднаш се жалеше до Арбитражниот суд за спорт во Лозана кој својата одлука ќе ја донесе во понеделник или вторник во очи почетокот на натпреварот во скок во далечина во женска конкуренција.
Убавата Дарја пристигна во олимпиското село во Рио и веднаш објави фотографија на својот Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.