| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката Царовска поради стратегијата за бегалци (видео)

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација во Собранието за министерката за труд и социјала Мила Царовска, поради контроверзната стратегија за мигранти и бегалци.

– Станува збор за стратешки документи за иднината на Македонија, за проекти што ќе значат енормни трошоци во милијарди евра во наредните десет години, во делот на сместување и градење згради и населби за мигрантите, онака како што е напишано во нивната стартегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработување, социјални програми, средства што Македонија ги нема и ресурси кои се ограничени“, изјави Влатко Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top