Новата власт на СДСМ врши невиден атак врз слободата на известување и ги цензурира медиумите, преседан невиден за една слободна и демократска држава – пишува Курир.
Ова утро по налог на министерот за здравство Таравари, од страна на неговиот шеф за ПР, Коста Петров, беше извршен обид за попречување на новинарски екипи од повеќе медиумски куќи во извршување на својата работа, за слободно и непречено известување.
Имено шефот за ПР на министерот за здравдство, Таравари, Коста Петров, излезе пред министерството каде новинарски екипи си ја извршуваа својата работа известувајќи од прес конференција, и на најгруб можен начин се обиде да ги оневозможи новинарите да си вршат својата работа.
Новинарката од телевизија Алфа, Кети Гетева, му одговори на Коста Петров, дека ова е слободна држава и дека не треба да бидат попречувани во нивната работа.
– Зошто да не стоиме на сенка, а да стоиме на сонце? Кога препораките за да се работи ви ги дадовте. Министерството за здравство што препорачува да работиме на сенка не вади на сонце за да работиме, рече Гетева.
СДСМ во текот на изборната кампања ветуваше слободни медиуми, за сега се да гледаме цензура врз медиумите и попречување во слободното известување на новинарите од страна на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)