Во бура на северот на Италија загинаа најмалку четири лица, а изведени се многу акции за спасување во планинските подрачја на земјата, објавија локалните медиуми.
Маж загинал од удар од гром во Мармолада, највисокиот планински врв на Доломити, објави италијанската новинска агенција.
Во долината Трамонтина во покраината Фурланија, една 41 Белгијка, смртно страдаше откако стебло паднало над нејзиниот шатор. Во Ломбардија загина жена лизгајќи се од пешачка патека.
Во Кортина ди Ампеко една жена загина во одрон на земјиште, кое го затрупа нејзиниот автомобил, соопштија пожарникарите.
Службите за спасување зборуваат за „многу жртви“, во текот на викендот и ги предупредуваат планинарите да се придржуваат до предупредувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот