| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ на чело со Заев, Царовска и Ковачевски со поддршка на стратегијата за мигранти, државни пари за згради, вработување, кирии и стипендии

Владата на СДСМ со Стратегијата за бегалци и мигранти 2017/2027 се обврзува дека за истите ќе обезбеди домување со изградба на кампови, преку 100 згради и населби во кои ти ќе бидат сместени. Меѓудругото се обврзува дека ќе им обезбеди вработувања и плаќање на кирии доколку државата не обзебеди домување, социјална помош како и бесплатни курсеви по македонски и бесплатна здравствена заштита и образование . Полициските проверки ќе бидат омекнати со оправдување дека постои можност да немаат соодветна документација за престој во Македонија, а на мигрантите ќе им биде и овозможено олеснето  добивање на македонско државјанство.

Врвот на СДСМ на чело со Зоран Заев дава целосна подршка на оваа стратегија и се заложува за целосна нејзниа имплементација во наредниот 10 години. Министерката за труд и социјала Мила Царовска во заедничката изјава која ја имаше со премиерот Заев во Штип на 21.07.2017 изјави ,, Ние стоиме позади тој документ дека тоа е само стратешка позиција на Македонија во делот на мигранти кои мораат да имаат обезбедено права соогласно меѓународни документи’’.

Во Акциониот план на Владата на СДСМ  во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Изградбата на бегалски камп на Меџитлија ја потврди денеска и пратеникот Васко Ковачевски од редовите на СДСМ цитирам ,, На Меџитлија ќе има бегалски камп за мигрантите’’.

Стратегијата за мигранти и бегалци официјално е усвоена и од Владата на Република Македонија со што владината коалиција на СДСМ целосно застана зад овој документ.

Пратеникот Ферид Мухиќ истотака во своја изјава за Дојче Веле истакнува дека целосно стои зад планот на владата за населување на мигранти во Македонија цитирам ,,Затворањето на границата за мигрантите е политички легитимно, но, од хуманитарно – етичка гледна точка тоа е апсолутно неприфатливо. Македонија не би смеела да ги затвора своите ’порти’ за овие страдалници, на кои се гледа како на натрапници, а не како на човечки суштества, на кои треба да им се помогне. Може и треба да се побара помош од Европската Унија“. Тој понатаму заклучува „Страдањата на мигрантите се под нашите можности и под нашата готовност да им се помогне. Постојат симпатии кон тие луѓе, но, многу малку се презема тоа чувство да се преточи во акција. Има многу пропусти во активностите за давање помош на мигрантите. Сепак, мора да се каже дека, наспроти се, Македонија се одликува со многу поголема хуманост, отколку во земјите со деперсонализирани услови за живот, какви што се некои од развиените западни држави. ‘’ Тој на комисиската расправа за Стратегијата за мигранти и бегалци уште еднаш го афирмираше својот став дека целосно се согласува со давање на државјанства на овие луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top