| четврток, 6 декември 2018 |

Грција казнета за политиката – 25.000 евра и службена победа за Македонија

Ракометната федерација на Грција ќе мора да плати 25.000 евра казна поради неиграњето на мечот против Македнија.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) не им прости на Грците за глупоста која ја направија на шампионатот во Македонија. На турнирот за девојчиња до 17 години, тренерот на Грците одлучи да го повлече тимот од теренот, поради тоа што на маичките на нашиот тим пишуваше Македонија.

ЕХФ одлучи мечот да биде регистриран со службена победа за Македонија, а Грците беа исклучени од турнирот и казнети со 25.000 евра. На оваа одлука на ЕХФ следуваше жалба, која европската федерација очекувано ја одби и ја потврди казната за Грците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top