Триумфот на Вардар во Лигата на шампионите, ја однесе Македонија две места повисоко во најновото рангирање во Лигата на шампионите што го објави Европската ракометна федерација. Македонија сега е на четвртото место на ранг-листата и прв пат во историјата е пред Франција и Германија. Французите забележаа пад за едно место во однос на лани, а Германците паднаа од четврото на шесто место.
Исто како и лани, лидер на листата е Унгарија пред Шпанија и Полска. Во водечките 10 нации во ЛШ покра овие шест селекции се уште и Хрватска, Данска, Белорусија и Украина. А најголем скок од шест места бележи Финска која сега е на 22.место.
Бодувањето за ранг- листата се врши врз основа на резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/2015, 2015/2016, 2016/2017) и според нив се одредува ранкингот на тимовите за наредната сезона. Најголемата полза од триумфот на Вардар во ЛШ ќе се види веќе наредната сезона.
На 7 јуни истече рокот за апликации за петте дополнителни места во ЛШ за наредната сезина. Меѓу апликантите трета година по ред и македонскиот вицешампион Металург. По разгледувањето на апликациите, ЕХФ ќе ја разгледа валидноста на секој од апликантите и наредниот викенд ќе ја комплетира листата на учесници во ЛШ за наредната сезона, а таа ќе биде потврдена од Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот во Загреб на 24 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.