| четврток, 6 декември 2018 |

Верувале или не, ова е границата меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан (ВИДЕО)

Како на географска карта – „границата“ меѓу Пацификот и Атлантскиот Океан е во вид на јасна линија, а нивните води како да не можат да се измешаат. Секако, се работи за локална појава која исчезнува за неколку дена

Оваа атрактивна снимка е направена од еден тирстички брод кај Ртот Хорн, најјужниот врв на Јужна Америка, каде што се среќаваат двата океани. И секако дека водите се мешаат, само што тој процес трае малку подолго отколку што се очекува. Потребни се неколку дена за да се измешаат едвај неколку сантиметри води со различна густина и боја. И за големите водени површини важат истите мешанизми на мешање како и за другите чености: дифузија на две течности и физичко делување.

Дифузија, односно ширење или разлевање на течностите, се одвива бавно. Кај океаните должината на тој процес најмногу зависи од физичката агитација, т.е. од физичките влијанија на мешањето – бранови, подводни струи, ветрови…Исто така, покрај слоеноста на водата и густината на океаните може да влијае на создавање на оваа видлива граница.

Освен тоа, свој продонес имаат и приливите на слатки води од топењето на глечерите, големите реки кои локално внесуваат извесно количество глина и тиња и на тој начин ја менуваат густината и бојата на океанот, алгите…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top