| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци: Се колнеше во мултинационална држава, а создава бинационална

Заев, на денешната прес-конференција, изјавил дека ја унапредил употребата на јазиците на СИТЕ заедници. Како да ви кажам, мислев ќе смисли нешто подобро. Барем за тоа плаќа 40 луѓе за јавност плус куп советници.
Но, изгледа врвка е работава, нема криење, револтирано коментира поранешната новинарка Јорданка Ивановска Јоци на прес-конференцијата на Заев и Лика одржана во Охрид, на која беше пренезентиран текстот на Предлог-законот за јазиците, што беше иусвоен од Владата на вчерашната владина седница.

„Тој, со изјавава целосно ја потцени јавноста – мисли не знаеме да читаме, не го гледаме она во заградите, глупи сме и немаме капацитет да сфатиме дека ја унапреди употребата на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Без попис.
Каде се во заградата српскиот, ромскиот, турскиот, бошњачкиот, влашкиот јазик?

Поточно, се колнеше на 17 мај 2015 год. во мултинационална држава, а откога дојде на власт, создава бинационална.

П.С.: Уште еднаш што ќе те гласам – НИКОГАШ!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top