Албанските медиуми ги пренесуваат впечатоците од средбата меѓу министерот за надворешни работи на Република Албанија Дитмир Бушати и министерот задолжен за странски инвестиции во Република Македонија, Рамиз Мерко, кој е третиот министер што ја посети Тирана во неколку недели.
Наместо со инвестиции, Мерко од Тирана се врати со условување и закана за вето во кое „инвестираа“ политиките на свитката кичма и анти-патриотизам на Зоран Заев и СДСМ.
„Иако односите меѓу Албанија и Македонија препознаваат еден “среќен момент“, властите во Тирана не изгледа дека премногу им веруваат на колегите во Скопје“, пишува албански Политико.
За време на средбата, Бушати како услов на Албанија кон Македонија за поддршка за членството во НАТО го предочил забрзувањето на процесот за донесување на законот за албански јазик, што може да се толкува и како смислен потег со кој ќе се оправда брзата постапка за донесување на овој закон, божем Македонија ќе влезе во НАТО уште утредента после носењето на законот.
„Двајцата министри истовремено потенцирале дека забрзувањето на донесувањето на Законот за употреба на јазиците како и на сите други законски чекори во Планот 3-6-9- за зацврстување на социјалната кохезија и постигнување на меѓуетничка еднаквост се предуслов за евро-атлантската перспектива на Македонија“, се вели во соопшението на Министерството за надворешни работи на Албанија.
„Албанските партии во Македонија прифатија да формираат влада со Зоран Заев со услов албанскиот јазик да стане официјален во цела држава. Но сега кока владата веќе е формирана, процедурите се во застој. Во секој случај, Заев вети дека законот ќе се формулира во првите 100 дена од владата и после ќе сеиспрати за мислење во Венецијанската Комисија“ стои во анализата објавена на порталот politiko.al.
Медиумите во Албанија ги потенцираат и околностите во кои владата во Тирана најавува вето за прием на Македонија во НАТО, исто како што тоа го прави Грција:
„Скопје исто така е блиску до постигнување на договор за името со Грција, но доколку не се донесе законот за албански јазик, тогаш ризикува едно друго вето од западниот сосед. Ова е втор пат во рок од неколку години после случајот во Куманово, Тирана да зборува за услови кон Македонија, кога Бушати побара силно спроведување на “Охридскиот Рамковен Договор“,кој сега е заменет со Платформа на албанските партии“ стои во текстот на албански „Политико“.
Најавеното вето од Албанија, исто како она од Грција за името, односно за „заедничката историја“ од Бугарија се директен доказ за штетните политики кои Заев и СДСМ ги спроведуваат откако дојдоа на власт. Останува уште Србија да услови со вето за членство во ЕУ со прифаќање на сите позиции на СПЦ во спорот со МПЦ од страна на Заев, за сликата да биде комплетна – под услов да влеземе во евро-атлантските организации пред Косово, се разбира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.