
Принцот во документарецот ITV„Дијана нашата мајка: Нејзиниот живот и оставината“, кој е роден на 20 годишнината од смртта на Дијана, изјави дека пронашол низа на писма кои од 31 август стоеле на нејзината работна маса.
Смета дека ги напишала откако се вратила од Босна која беше зафатена во војната. Ова подрачје го посети три недели пред загинувањето.
Кинсинтонската палата одбива да го коментира прецизната содржина на писма и на кого истите биле адресирани.
Дајана ја посети Босна во 1997 година, и во тој момент ги сретна жртвите кои престојувале на рехабилитација.
Во документарецот се појавуваат и Србинот Жарко Периќ и Босанецот Малик Брадриќ, кои имаа 12 и 15 годидни кога ја запознаа Дијана, а исто толку години во тоа време имаа и принцевите Хари и Вилијам.
Во документарецот се појавуваат и Србинот Жарко Периќ и Босанецот Малик Брадариќ, кој имаа 12 и 15 години, кога ја запознаа Дијана, а исто толку години во тоа време имаа и принцевите Хари и Вилијам.
Жарко и Малик изгубија по една нога, откако случајно стапнале на мината, пренесува еxpress.co.uk.
„Мислил дека ќе биде типична принцеза која носи бел фустан и има волшебно стапче. На нас никој до тогаш не ни помогна, а таа не уверуваше дека на нас ќе ни помогне“, изјави Жарко.
„Луѓето кои ја преживеаа војната подоцна, сторија самоубиства, но јас имав среќа. Добив морална поддршка од принцезата Дијана и тоа ми беше ветер во грбот“, изјави Малик.
Во разговорот со двете момчиња од Босна, Хари изјави дека тие биле последните луѓе кои ја видоа неговата мајка.
Три месеци по смртта на принцезата Дијана во Отава беше потпишан меѓународен договор кој ги забрани мините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)