| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на британската кралица се повлече од јавниот живот

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, војводата од Единбург, принцот Филип, официјално се повлече од јавниот живот и од кралските обврски.

Во мај годинава, 96-годишниот принц најави дека се повлекува и се „пензионира“ по повеќе децении активно учество во британскиот јавен живот и во службена придружба на кралицата, како и во бројните настани од хуманитарен карактер на разни групи и организации.

Неговата последно учество во една службена церемонија беше поврзана со кралските маринци и нивната традиционална парада.

Во соопштението на Бакингамската палата, службената резиденција на кралицата, се вели дека принцот Филип ќе може и во иднина да се појавува покрај кралицата Елизабета, доколку самиот одлучи тоа да го направи.

Распоредот на обврските за кралицата, која годинава наполни 91 година, според службеното соопштение, останува непроменети.

Честитки во врска со „пензионирањето“ и благодарност за неговата активност во служба на британската јавност, испратија британската премиерка Тереза Меј и лидерот на опозицијата Џереми Корбин.

Оваа година се навршуваат 70 години од бракот на принцот со некогашната принцеза, а сега кралица Елизабета и 65 години од нејзиното стапување на британскиот престол во февруари 1952 година, од кога војводата од Единбург, како нејзини сопруг и е во постојана придружба.

По повод неговото повлекување од јавноста, кралската палата откри дека принцот Филип во изминатите 65 години имал 22.219 самостојни ангажмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top