| четврток, 6 декември 2018 |

„Гига Мега Бајка“ на ТДМ со награда за колективна игра на „Македонско културно лето“ во Пустец

На фестивалот „Македонско културно лето“, што се одржа од 26 до 31 јули во Пустец, Р. Албанија, Театарот за деца и младинци од Скопје освои со награда за колективна актерска игра.

Уште една успешно завршена сезона на Театарот за деца и младинци е закитена со награда за колективна актерска игра на десеттото издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р. Албанија. Наградата е доделена за претставата „Гига Мега Бајка“ во режија на Хана Миленковска и во која играат актерите Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски и Мики Анчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top