| четврток, 6 декември 2018 |

Што зборуваше Цацко за Бугарите, пред „да го погоди моментот“ (ВИДЕО)

Љупчо Бубо Каров од 21 јули е надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија. Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија“ – објави во соопштението прес службата на Влада на РМ и така Цацко стана владин чиновник.

И не поминаа ниту 10 дена, кога Бугарите ни дојдоа на гости. Во највисок состав. Нивниот премиер со се целата свита. На потпишување договор… за „самубиство“, пардон, за добрососедство… на македонскиот народ… со бугарскиот!

А Цацко наш, како советник за комуникации, ќе мора да комуницира со јавноста. За разни работи, па и за Бугарите… па на Цацко, ептен му се „погоди“ моментот да каже што мисли.

Е сега, дали и сега мисли како што мислеше пред некоја година – е друга работа. Ама, тогаш за Цацко беше друго, сега е друго… Тогаш друг беше моментот… Како што беше друг и кога на интернет телевизијата Нова ТВ тврдеше дека некои луѓе власта толку ги променила и сега како да не се тие истите, па не може да ги препознае!?

Погледнете што мислеше и говореше Цацко „у оној момент“ за Бугарите, па проценете дали денес ќе го препознате, или ќе биде: Извини… Абе Бубо, ти ли си тоа!?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top