Три генерации на семејството на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто денеска се поклонија пред неговиот споменик во Скопје.
Правнуците Илин и Јована се најмладите во семејството на Методија Андонов Ченто. Тие дојдоа во придружба на бабите, дедовците, родителите. Многу измешани емоции, тажни што го изгубиле столбот на семјеството, но горди што имаат можност да му се поклонат.
-Измешани емоции имам. Многу сум тажен што рано го изгубивме. Среќен што дојдовме до чукун внуци да се поклониме пред него“, раскажува првиот синот на Методија Андонов
Ченто, Илија Андонов Ченто.
За Илија денот е посебен, татко му го дал името, а на овој ден и неговиот правнук Илин ќе го
крштеваат.
-Често го немаше дома, како семејство имавме големи проблеми. Но, тој знаеше колку го сакаме и почитуваме, раскажа Илија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)