| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен (фото+видео)

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе и изрази длабока почит пред споменикот на илинденците на Мечкин Камен.

Делегацијата ја сочинуваа, Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Транталоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес прво на сите граѓани на Република Македонија од името на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам најголемиот слободарски празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен – истакна Милошоски и додаде дека тоа го прават денес од неколку причини.

-Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимност за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им оддадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани, кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање  легитимност на прослави организирани од владата на СДС и на ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти, кои можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник – подвлече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top