| четврток, 6 декември 2018 |

2.800 евра плата и куќа за секој кој ќе се пресели во нивниот град (Видео)

Некој градоначалници еднотавно сакаат да работата и да ги направат своите градови подобри и попродуктивни, исполнети со жители кој ќе допринесуваат за истото.
Па така град во Нов Зеланд бара работници, а за потенцијалните има и слободни куќи, но од градската управа демантираат дека ќе се плаќа на луѓето да се преселат.

Каитангата е место на југот на Нов Зеланд, со вкупно 800 жители и повеќе од 1.000 празни слободни места за различни профили, а највеќе во земјоделството.

Според зборовите на градоначалникот Брајан Кадоген во прашање места кои се добро платени на различни позиции.

„Кружат приказни низ светските медиуми дека ќе им плаќаме на луѓето 230.000 новозеландски долари да се доселат во Каитангату и за тоа да го контактираат градоначалникот. Меѓутоа тоа е апсолутна невистина“, објавено е на сајтот на Каитангата.

Овој град сепак има за цел да ги потполни испразнетите работи места и сите потенцијални нововработени ќе ги пречека со раширени раце, според податоците од 2014 година, просечната плата во Нов Зеланд изнесува 2.800 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top