Европската куќа на фудбалот (УЕФА) од денес официјално ја претстави програмата за престојниот спектакл наречен Суперкуп на Европа, кој ќе се игра во Скопје.
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе ја отворат сезоната и ќе се борат за првиот голем трофеј. Во програмата се вклучени историски моменти од меѓусебните дуели на двете екипи, меѓу кои и зборовите на Зидан дека патот до финалето во Киев 2017/18 за Реал започнува од Македонија.
Исто така, Жозе Мурињо вели дека ова финале е „одлична можност“ за нов трофеј, кој ќе биде мерило за силата на победникот на Лигата на Европа.
Во неа има неколку интервјуа, меѓу кои и со Хенрик Михтарјан, стрелецот на вториот гол од Стокхолм, и Марко Асенсио, младата ѕвезда на „кралевите“. Покрај сето тоа, фокусот е насочен и кон Горан Пандев и Дарко Панчев, единствените македонски фудбалери со европска титула.
Официјалната програма на УЕФА како најава за Суперкупот во Скопје може да ја набавите ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


