Голиот маж што со запален факел влета на централниот терен на тенискиот комплекс Ролан Гарос е дел од малата група што протестираше против француската влада и нејзината одлука да дозволи склучување истополни бракови.
На мета беше претседателот на Франција, Франсоа Олан, но, за среќа, обезбедувањето брзо реагираше, па голиот маж не успеа да дојде до еден од финалистите, Рафаел Надал. Давид Ферер, неговиот противник во финалето, беше на спротивната страна во моментот кога протестантот влета на „Филип Шатрие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.