26-годишниот пилот во Формула 1 Џојлон Палмер, по разочарувачата трка во Будимпешта, замина да ги „наполни“ батериите за продолжение на сезоната, а прва станица од неговиот одмор е нашиот Охрид.
Палмер, кој вози за тимот на Рено и оваа сезона има освоено само еден поен, на својот профил на „Твитер“ објави фотографија од Охрид, каде што е со неколку свои другари.
Разочарувачка трка поради повеќе причини… Но, сега одморот почнува. Прво патување и мало застанување во Македонија, напиша Палмер.
извор: охрид прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.