Пред Министерството за надворешни работи денеска здружението „Блаже Конески“ протестираше против потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.
-Наместо да потпишувате договор, одведете го вашиот пријател Борисов на гробовите на хероите, да им се извини, со што би започнал процесот на спријателување. Се друго е силување и понижување на македонскиот народ, порача Љубомир Сенковски од Здружението „Блаже Конески“.
Тие пред МНР оставија три неотворени канти со боја, бела, зелена и црвена.
-Неотворени – не затоа што се плашиме од вашата казна од 400 евра. Казната што ни ја изрекувате нас е незначителна во однос на казната што и ја наметнувате на Република Македонија и македонскиот народ. Неотворени – за да можете самиот да ги отворите кога ќе го потпишете договорот, ако го потпишете, и да го обоите своето лице со боите на саканата ви држава, му порача Сенковски на Заев.
Сенковски вели дека човек некогаш лесно или под влијание на други, а можеби и несвесно станува предавник на својот народ, но како што рече, предавството никогаш не застарува.
-Сакаме да ве прашаме дали Христијан Тодоровски-Карпош, Раде Јовчевски-Корчагин, Мирче Ацев, Вано Гунев, Благоја Давков, Орце Николов, Боро Петрушевски, Борка Талевска, Вера Циривири-Трена, Страшо Пинџур, Васил Антевски-Дрен, Невена Георгиева-Дуња, Диме Поп Атанасов, Фруса Чедомирова, Владо Тасевски, Никола Парапунов, Перо Наков, Цветан Димов, Блажо Димитровски, Дане Крапчев, Коле Неделковски, Ѓорѓи Наумов, Стив Наумов и Кузман Јосифовски-Питу се дел од заедничката историја на Македонците и Бугарите, прашува Сенковски.
Најавија продолжување на активностите и искажување на револтот поради договорот за добрососедство, а посочија дека и за време на попишувањето тие ќе протестираат и по потпишувањето на договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)