Кадровското освежување на Извршниот комитет ги потврди најавите на челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски искажани лани во декември веднаш по изборите. Новиот состав на главното партиско тело е скоп од искусни и докажани кадр и нови свежи кадри, кои треба со искуството и абициозноста да обезбедат успех на локалните избори во октомври.
Во Извршниот комитет. членуваат еминентни професори, угледни граѓани и експерти во својата област.
Кадровското освежување во партискиот врв доаѓа во периодот на подготовки за локалните избори. А свежата крв навестува долга и жестока кампања во окрупнување на гласачкото тело во пресрет на локалните избори, како прв тест за тоа дали македонскиот електорат ќе биде подложен на уште еден изборен инженеринг кој нескриено се подготвува. Очекувано е покрај наменската канонада од шпекулации во контролираните од власта медиуми, да се јави и извесна доза од скептицизам. Скептицизам би можело да предизвика скромниот политички опит на некои од новите членови на ИК. Затоа, пак, забележлива е комбинацијата токму од политички искусни кадри и докажани професионалци во своите области со значително влијание пошироко од партиската база.
Ова се новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој беа едногласно избрани на Централен комитет во партијата.
Дејан Јовановски е кошаркарски репрезентативец, етаблиран македонски спортист. На чело на Државната спортска академија даде огромен придонес за развојот на македонскиот спорт преку едукација и изградба на младите спортски таленти во вистински професионалци кои ќе ги бранат боите на државата и со своите успеси ќе ја промовираат државата.
Џери Наумоф е претставник на македонската емиграција во Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По потекло е од битолското село Ѓавато, но порансал во Колумбус, во Охајо, во големо емигрантско семјство. Од најрани години работел во семејниот ресторан и стекнал работна навика. Дипломиорал во 1980 година на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис-администрација на Универзитетот „Бол стејт“. Основач и претседател е на успешната консултанска компанија ,,Наумоф груп ИНК“ во Чикаго, Илионоис, која е дел од алијанса на пет партнери кои менаџираат над 200 компани од различни индустрии во САД.
Како министер за странски инвестиции во владата на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најзаслужните за огромната експанзија на странски инвестиции во државата и намалувањето на невработеноста како на пример отворање на фабирката во „Цереметал“ во Битола, која за пет години ќе вработува над шестотини лица.
Славчо Трпевски е дипломиран правник и директор на Агенцијата за катарастар и недвижности. Оствари голем број успешни проекти кои им го олеснуваат животот на граѓаните, ја подобри работата на Државниот катастар и ја зголеми довербата на граѓаните кон оваа институција. За поздравување се создавањето на електронски катастар и користење на услугата е-шалтер, со што Македонија стана лидер во технолошките иновации во оваа сфера во регионот; проектот за легализација на дивоградби на граѓаните, со кој околу 100 илјади семејни домови беа легализирани; обезбедувањето бесплатни елаборати за преку 5000 граѓани кои долго време немале можност да добијат имотен лист. Тој е пример за како квалитетно и посветено треба да се раководи со државна институција и таа да биде во служба на граѓаните.
Игор Г. Николов како стипендист на Агенцијата за интернационална размена на француската влада во 2006 година завршил магистерски студии на Универзитетот „Пикарди“ во Амиенс, Франција, и се стекнал со титулата магистар по медицински науки. Како стипендист на Француското здружение за нефрологија во декември 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во Париз. Тој е дел од тимот за трансплантација од Клиниката за нефрологија, има заслуга во подигнувањето на свеста за донирање органи, со што придонесува за зголемување на бројот на извршени трансплантации на Клиниката за нефрологија. Николов е помлад асистент по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје од 2003 година.
Анета Стојановска-Стефанова е универзитетски професор, асистент по меѓународни односи и историја на дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Автор е на повеќе стручни трудови во реномирани домашни и меѓународни списанија и зборници од областа на правото, политичките науки и меѓународната политика. Коавтор е на книгата “European and Regional Experiences in the field of transportation politics: Comparative practices. Analyses. Recommendations”. Работела како практикант во Собранието на Република Македонија преку програмата на американскиот Национален демократски институт (НДИ), била шеф на Кабинет во ЈП Водовод – Скопје и државен советник во Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Добитник е на наградата за посебни заложби на Канцеларијата на УСАИД во Скопје за докажано лидерство и континуирана поддршка во процесот на развој и имплементација на автоматскиот систем за распределба на ЦЕМТ дозволи, како и за раст на транспарентноста, чесноста и посветеноста во рамките на проектот на УСАИД е-влада.
Златко Перински е магистар по човечки ресурси. Од 2014 година е на чело на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година и станува потсекретар на партијата. Од неговото доаѓање на позиција директор на СЦ „Борис Трајковски“ во спортскиот центар се случија низа промени: ребрендирање на капацитетите, попривлечни цени за оние кои сакаат да се занимаваат со спорт, започнаа со работа четири отворени тениски терени, се изврши поделба на „Вип арената“, што овозможи тренинг и рекреација на три различни терени.
Ане Лашкоска е родена во 1978 година во Прилеп. Дипломирала на Природно-математички фотакултет – инженер по хемија. Од 2009 до 2011 член на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, член на ОК Прилеп, а пратеник во Собранието на РМ од 2011 година до денес.
Дијана Транталовска е родена во Ресен во 1960 година. Та е ќерка на Владо Транталовски, највозрасниот жив основач на партијата, близок соработник на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски. Транталовска е долгогодишен промотор на идологијата на ВМРО-ДПМНЕ. Член е на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Ѓорѓиев магистрирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на студиите по деловно право. Во претходните пет години ја извршуваше функцијата портпарол на Владата на Република Македонија.
Никола Србов е новото освежување на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Магистар по историја и колумнист. Никола Србов ги поминува сите скалила во партијата, од член во месниот комитет до член во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Марио Цветковски е влегува во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од подмладокот на партијата. Роден е во 1992 година во Куманово, дипломирал правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Поминувајќи ги сите партиски функции во месниот комитет, станува претседател на УМС Куманово. Подоцна станува член и на Извршниот комитет на УМС, а беше и на пратеничката листа во изборната единица 2.
Светлана Колариќ е доктор на науки по ветеринарна медицина. Родена е во 1977 година. Колариќ е претседател на Унијата на жени во Кисела Вода. Таа е државен советник за безбедност и квалитет на храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Богдан Илиевски е роден во Охрид во 1986 година. Дипломиран инженер-архитект на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Афинитетите кон општествените случувања и активното учество, борбата за подобра иднина, остварувањето на правата и заштитата на интересите на Република Македонија ги демонстрира во текот на целиот живот во разни форми. Преку пишаниот збор како колумнист на повеќе портали, како познат ракопис на социјалните медиуми, до учество во повеќе протести и граѓански иницијативи.
Драги Димитриевски е професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во два мандата ја извршувал функцијата декан на Факултетот за земјоделски науки и храна. Има објавено 42 научни и стручни трудови, и бил ангажиран во голем број научно-истражувачки проекти од областа на земјоделството. Со неговото искуство и знаење од земјоделството се очекува дека ќе придонесе многу во овој сегмент во партијата.
Зеќир Рамчиловиќ, доцент доктор на Институтот за национална историја, роден е во Долно Коњари, претставник е на бошњачката заедница. Тој е заминик-член во Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Сеад Солаковски е за прв пат член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по професија лекар од село Лабуниште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ИК на ВМРО ДПМНЕ пресече: Конгресот ќе се одржи в петок и сабота во Валандово
-
Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Секоја одлука на еден ваков состав на ИК ќе води кон заедничко добро во државата
-
Избран нов ИК на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е новиот генерален секретар на партијата
-
Тодоров: Ги направија фашисти оние што демократски го изразуваат своето несогласување, а тоа е врв на демократија