| четврток, 6 декември 2018 |

Избран нов ИК на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е новиот генерален секретар на партијата

Професорот на Машински факултет Христијан Мицкоски, актуелниот директор на ЕЛЕМ, е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница. Тој доаѓа на местото на Емил Димитриев, кој четири години ја извршуваше оваа функција.

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет, со едногласна поддршка од Централниот комитет, објави на Фејсбук Антонио Милошоски.

За нови членови се избрани:
– Проф. Драги Димитриевски, Земјоделски факултет
– Д-р Игор Николов, Клиника за нефрологија
– Проф. Христијан Мицкоски, генерален секретар
– Зеќир Рамчиловиќ, пратеник
– Александар Николоски, меѓународна соработка
– Џери Наумов, странски инвестиции
– Златко Перински, м-р за човечки ресурси
– Никола Србов, историчар
– Славе Трпески, Катастар
– Ане Лашкоска, пратеник
– Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа
– Марио Цветковски, Куманово
– Дијана Транталовска, ветеран
– Богдан Илиевски Бетмен, граѓански активист
– Светлана Колариќ, Кисела Вода
– Александар Георгиев, портпарол
– Дејан Јовановски, спортист/ кошаркар
– Анета Стојановска Стефанова
– Армен Незири, Дебар

Во ИК на ВМРО ДПМНЕ се и: Илија Димовски, Влатко Ѓорчев,  Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска, Зоран Ставрески, Зоран Илијоски.

– Едногласната поддршка од Централниот Комитет е голема обврска. Пожелувам на сите да работат со чест кон ВМРО, и со достоинство за Македонија! – порача Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top