| четврток, 6 декември 2018 |

Камерниот оркестар на МММ ќе го носи името на прерано починатиот диригент Саша Николовски Ѓумар

Од годинава, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија ќе го носи името на прерано починатиот уметнички раковидител на овој музички состав, диригентот Саша Николовски – Ѓумар.
– Мислам дека Саша Николовски – Ѓумар  го заслужи сето тоа работејќи повеќе од 17 години со оркестарот, креирајќи програма, диригирајќи и дружејќи се со сите нас – изјави претседателот на Музичката младина на Македонија, Александар Герасимовски.
Камерниот оркестар  на Музичката младина на Македонија  постои повеќе од 30 години. Тој е основан како прв сегмент од Летниот музички камп на Музичката младина во 1986 година во Охрид.
Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното негово опстојување учествувале повеќе од 300 млади  музичари, најчесто студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, но и млади музичари од други земји. Со своето музицирање во целиот  овој период, оркестарот  и’се наметна на музичката јавност не само како неопходност,  туку и како изведувачки состав со високо професионални квалитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top