Себастијан Фетел ќе ја стартува од пол-позицијата утрешната трка за ГН на Унгарија откако возачот на Ферари оствари најдобро време на денешните квалификации на патеката „Хунгароринг“.Германецот успеа да извози фантастичен круг, оставајќи ги зад себе големите ривали. Хамилтон по првите две квалификациски рунди имаше најдобро време, што претставува и рекорд на патеката. За жал, Британецот се соочи со проблеми со моторот и мораше да почека уште неколку минути пред да се врати на патеката. Кога конечно го стори тоа, Хамилтон не успеа да го подобри своето време, па на крајот се најде на четвртата позиција.
Доминацијата на Ферари во овие квалификации ја надополни Кими Раиконен, кој утре ќе стартува од второто место, а пред Хамилтон ќе биде и неговиот тимски колегга Валтери Ботас.
Од петтата позиција утре ќе тргне Ферстапен, пред Рикиардо, Хулкенберг, Алонсо, Вандорн и Саинц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.