| четврток, 6 декември 2018 |

Секси трофеите на најголемиот женкар во Ф1: Трките му траат подолго од врските (ФОТО)

Трикратниот шампион Луис Хамилтон, најдолго беше во љубов со поп- пејачката Никол Шерцингер, со која четири пати раскинуваше и се смируваше, а во неговиот болид се повозија и супермоделите Џиџи Хадит и Кендел Џенер

Фаворитот за освојување на титулата во Формула 1, Британецот Луис Ханмилтон од Мерцедес сезонава е и фаворит меѓу убавиците кој се дел од октанскиот циркус. Најпозната љубовна врска на Луис е со поп пејачката Никол Шерцингер, која заради силните падови и подеми беше омилена тема на таблоидите. Седум години од (2008 до 2015 година) траеше нивната љубов, најмалку четири пати ја прекинуваа врската и се смируваа. Наводно, за смирувањата беше задолжено семејството на возачот, кое се “заљуби” во пејачката. “Брилјантна жена како Никол нема да те чека долго”, го советуваше Ентони Хамилтон својот син. Но, подоцна двајцата сфатија дека не се еден за друг и покрај тоа што Хамилтон три пати ја побара за жена, а таа го одбиваше, но кога убавицата реши да се скраси и да формира семејство, Луис се предомисли.

lewis-hamilton-nicole-scherzinger1

-Се чувствувам очајно заради тоа што работите меѓу нас не функционираа. Ова беше најтешката одлука но ја донесовме заеднички. Се уште го сакам, а знам дека и тој ме сака мене, изјави Никол по раскинувањето.

Но, Хамилтон во подоцнежната фаза од таа врска не ги делеше истите емоциите како Никол:
-Моите автомобили се мои бебиња. Знаев да и кажам: “Сакам девојки и излегувам со нив, а ти можеш ако сакаш да дојдеш со нас”

Британецот не очајуваше многу по раскинувањето со Никол и продолжи да го потврдува статусот на женкар во светот на Формула 1, освојувајќи супермодели, мисици, актерки и поп – пејачки.

Многумина добија впечаток дека некои трки траеле подолго од неговите љубовни врски.

hamilton cemre mirel

Хамилтон одсекогаш имал префинет вкус за девојки, а репутацијата ја има стекнато уште пред да почне да вози во Формула1. Прва негова јавна врска беше со турската манекенка Чимре Мирел. Не траеше долго, како ни љубовта со Мис Англија, Даниеле Лојд, чија крина беше одземена откао се дозна дека еден од челновите на жирито во изборот Теди Шеринген, бил нејзин љубовник.

hamilton daniele lojd
-Тоа беше љувов на прв поглед се присети Даниела за врската со Хамилтон.

-Но бевме премлади, се уште тинејџери кои живеат во различни градови и нашата врска беше осудена на пропаст.

Хамилтон знаеше да го користи својот шарм и за својот личен интерес. Тој од 2003 до 2007 година беше во љубовна и со убавицата од Хинг Конг, Јадина Ма. Случајно, нејзиниот татко бил милјардер, кој на наговор на својата мезимица се согласи да му биде спонзор на Хамилтон во Формула 3 и на тој начин му даде ветер во грбот.

tumblr_nwx68ot8zs1t7zat2o1_500

-Во тоа време морав сам да барам спонзори, а Јоди ми реше: “Мојот татко има пари и со задоволство ќе те спонзорира”. Одбив и и реков дека нема шанси, но таа повторно на своја рака од татко и побара пари, напиша Хамилтон во својата автобиографија.

498755951DI00314_F1_Grand_P

И по завршување на врската со убавицата од Хонг Конг, Хамилтон беше во љубов со ќерката на шефот на Мекларен, Сара Ојех. Стана и дел од семејството, летуваше на нивната јахта, но врската кратко траеше.

Lewis+Hamilton+Sarah+Jane+Crawford+Launch+z3uLxqv0Ja4l

Во месеците меѓу Сара и Никол, кога љубовниот статус му беш слободен, челенки на клубот на “Ангелите на Луис” стнаа уште Лота Хинтс, која подоцна ја освои титулата Мис на Финска, потоа Виван Мурхард, а по завршувањето на врската со Никол имаше авантури со супермоделите Џиџи Хадит и Кендел Џенер, а медиумите пишуваа дека ги легнал уште Рита Ора, Ријана, Вибиен Херлоу и Барбара Палвин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top