Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за највисокиот пласман на големо натпреварување. Избраниците на Илија Темелковски по вторпат на Мундијалот ја совладаа Русија, овој пат со 36-27 (20-11).
И повторно, најдобри кога е најпотребно. Младинската репрезентација ќе се бори за петото место на Мундијалот, откако по вторпат ја совлада Русија, овој пат со 36-27 (20-11) и воедно ја забележа најубедливата победа во Алжир.
Момците не дозволија убедливиот пораз од Франција да ги демотивира. На дуелот против „зборнаја“ влегоа мотивирано, како што најавија, не калкулираа, веднаш го наметнаа своето темпо.
Македонија води над Русија, Томовски стрелец и одличен на голот (ВИДЕО)
По 4-4 на стартот, следеше серија од 4-0 за водство 9-5 во 12. минута. Не застанаа тука, во последните десет минути имавме позитива од 13-7, а потоа и 15-8. Предводени од Талески и Кузмановски, а потоа и Велковски и Палевски на полувремето заминаа со позитива од 20-11.
Ништо не смени ниту одморот. Русија капитулира, поведовме со 25-11, до крајот им остана последната задача да ја одржуваат предноста.
На овој меч Темелковски не можеше да смета на Крстевски и Арсеновски, додека пак Нелоски и покрај најавите настапи.
Македонија во битката за петото место ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Тунис и Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)