Младинската ракометна репрезентација на Македонија е се поблиску до петтото место. На полувремето води над Русија со 20-11.
По 4-4 на почетокот, направивме серија од 4-0 и поведовме со 9-5 во 12. минута. Во последните десет минути имавме позитива од 13-7, а потоа 15-8, 17-9, а во последната минута влеговме со 20-10. Предводени од Талески и Кузмановски, а потоа и Велковски и Палевски сигурно чекориме кон петтата позиција.
Кузмановски со шест гола, Палевски со пет и Велковски со четири погодоци се најефикасни во нашите редови.
Мартин Томовски е одличен на голот на Македонија во првото полувреме против Русија во кое нашата селекција прими само 11 погодоци. Воедно, избраниците на Илија Темелковски постигнаа 21 гол за 30 минути игра, еден од нив беше дело и на самиот Томовски, кој од пред својот шестерец ја затресе празната мрежа на рускиот национален тим.
Во тек е второто полувреме.
извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)