| четврток, 6 декември 2018 |

Колоски: Македонија е далеку од мислите на Обама

Meto-Koloski-mala

Според претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Македонија е „далеку од мислите на американскиот претседател“. Ова Колоски го тврди во интервју за порталот „Максим“.

На новинарско прашање за  тоа колкава е поддршката која Македонија како држава ја добива од САД, Колоски вели:

Не е спорно дека САД е најголем пријател на Македонија.  Сите го знаеме и го имаме видено со дела, дали е тоа признавањето во 1994 како држава или потоа во 2004 под уставното име.  Од 1994 Македонија има добиено над милијарда долари помош од САД, и да не зборуваме за помошта околу реформирање на армијата и други индустрии во Македонија.  Македонија е сега каде што е благодарение до голем дел на помошта од САД.

Надворешната политика на САД моментално е посветена на други делови на светот, и Балканот не е приоритет како што беше порано.  Политичарите на САД имаа слика во себеси дека Балканот е во Европа и мора на Европската Унија да им се остави.  Но знаеме каква дволична политика има ЕУ спрема регионот, а особено за Македонија.

За жал, Македонија е далеку од мислите на Претседателот Обама, и македонското прашање е оставено во голем дел на Стејт Департментот. “

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top