| четврток, 6 декември 2018 |

Ако го видите ова на површината на водата, не влегувајте (ВИДЕО)

Дали досега сте се сретнале со црвени мравки? Овој вид мравки гризат и луѓе и животни, а има околу 200 подвидови.
Црвени или огнени мравки (Solenopsis invicta) се инвазивни, многу се отпорни на сите временски услови. Иако најмногу ги има во Јужна Америка, распространети се по целиот свет. Ако случајно стигнат некаде, многу брзо се адапптираат и формираат колонии. Поднесуваат екстремни температури и лесно преживуваат дури и поплави.
Нивниот угриз остава мали траги на кожата, но ткивото лесно може да загнои поради течноста што ја испуштаат. Во некои ситуации отровот може да предизвика сериозни реакции, а ретко и смрт. Кога ќе се најдат во вода, формираат пловечки формации, во кои работничките се основа, а ларвите и кралиците се на сигурно, во средината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top