| четврток, 6 декември 2018 |

Нов плоштад во општина Карпош

Во населбата Влае во Општина Карпош денеска почна изградба на нов плоштад на површина од 6.500 метри квадратни.

За реализација на проектот, локалната самоуправа ќе одвои 31.575.714 денари.

karpos park 4

Камен темелникот за изградба на плоштадот го постави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека урбаниот проект ќе им овозможи релаксација и социјализација на граѓаните од населба Влае и околината.

karpos park 2

Плоштадот се гради за граѓаните од населбите Влае 1 и Влае 2, и доколку градежните работи се одвиваат непречено, се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на март годинава. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на верски објект, црква, како и поплочување на платото во комплексот Порта Влае, најави Јакимовски.

Од планираните финансии за проектот, за градежниот дел се предвидени 11.799.999, изградбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, а за хортикултурното уредување ќе се искористат 4.098.730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари а за осветлување 3.013.614 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top