| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Исмаил Морина, ќе му се суди во Србија

 

Човекот кој крена огромна прашина во квалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу Србија и Албанија, наводно е уапсен пред еден месец во Дубровник и наскоро би требало да биде испорачан на Србија.

Неговото име е Исмаил Морина, по налог на судот во Дубровник, Морин наскоро би требало да биде како што споменавме испорачан во на српските власти. Ова информација во Албанија предизвика страв бидејќи стравуваат за неговата безбедност.

Од друга страна Министерството за правда на Србија од Хрватска побара Морин да им биде испорачан што побрзо. Очекувањата се Морин да биде осуден за предизвикување национална омраза и нетерпеливост, постапката ќе се води во врховиот суд во Белград.

Според законите во Србија, Морин би требало да добие затворска казна од три години, но неговите адвокати најавија жалба.

Албанскиот медиуми „Opininon.al“ објави слики од одлуката за испорачување на Морин во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top