Јас лично, ако ме прашувате како Никола Тодоров, мислам дека не треба и не смее да се забрани абортусот, но сметам дека ова прашање треба да се регулира со закон, рече министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека треба целосно да се забрани абортусот во Македонија, на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека ова прашање е регулирано во повеќе земји во светот, исто како што е и во Македонија.
Тодоров не смета дека треба да се повлече предлог-законот за абортус по барање на 91 организација од целиот свет, кои испратија писмо до него и до премиерот Никола Груевски и повикаа да се почне широка дебата во која ќе се вклучат и женските здруженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.