| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк Пост“не и верува на Анџелина Џоли: Се врати најголемиот манипулатор во медиумите!

Во странските медиуми од вчера најголема вест е дека Анџелина Џоли за првпат проговори за својот приватен живот по разводот со Бренд Пит. Ексклузивата за интервјуто ја има „Vanity Fair“, а во него актерката зборува за разводот, за тоа како децата се навикнуваат на новиот живот, за здравјето…

Сепак, колку што шокира интервјуто, толку шокира и натписот на „Њујорк пост“ дека тоа што Анџелина го зборува, нема врска со вистината.

Ова се неколку најинтересни моменти од интервјуто, а на крај и ставот на њујоршкиот весник:

За новиот дом: По разводот со Бред, Анџелина и децата живееја во изнајмена куќа. Сега пак се преселуваат во куќа во Лос Анџелес вредна околу 25 милиони долари, која има шест спални и 10 бањи, голема кујна, библиотека…

-Декорирањето, домашните работи, секогаш беа нешто во што Бред уживаше-вели таа.

Додека се прави интервјуто, во куќата се и нивните деца. За Захара (12) вели дека е столбот на семејството а Вивиен (9) дека е голем обожавател на ќебиња:

-Има 32 ќебиња. Многу ги сака и кога некој ќе ѝ земе некое нејзино ќебе, многу се лути. Пред некој ден ми кажа: „Мамо, јас можам да го почувствувам вкусот на ќебето“, а јас и реков дека тоа е знак дека мора веднаш да биде испрано.

За потсетување, двојката беше заедно 12 години, а Анџелина беше таа што го поднесе барањето за развод, „за добро на семејството“.  Медокс (15), Пакс (13), Захара (12) се посвоени, додека Шајло (11), Вивен (9) и Нокс (9) се нивни биолошки деца.

-Ова беше најтешкиот период со кој сме се соочиле. Оваа куќа е голем чекор напред за нас и сите се трудиме да бидеме и дејствуваме што подобро за да го „излечиме“ нашето семејство – вели Џоли.

За односот со Бред: За време на продуцирањето на „First they killed my father“, во летото 2016 година, работите тргнаа на лошо. Всушност,, не сакам да го користам тој збор… Работите станаа тешки. Нашиот животен стил не беше негативен во ниту еден сегмент и на ниту еден начин. Тоа не беше проблем. Тоа е и ќе остане една од прекрасните работи што можевме да им ги дадеме на нашите деца… Тоа се шест интелигентни деца со изградена индивидуалност. Многу сум горда на нив – вели актерката, додавајќи дека за доброто на децата не сака да зборува за раскинувањето на односот, бирајќи ги зборовите мошне внимателно.

-Тие беа многу храбри, многу, во периодите кога тоа беше потребно. Сите уште закрепнуваме од настаните што нè доведоа до тука… Тие не закрепнуваат од разводот. Тие закрепнуваат од животот, од некои случки во животот… –потенцира Анџелина.

За тоа дали ја изненадило интервјуто на Пит во GQ Style, ќе каже:

-Не, не ме изненади. Ние се уште се грижиме еден за друг и за нашето семејство и двајцата работиме на и за истата цел. Јас бев многу загрижена за мојата мајка додека бев дете и растев. Многу. Затоа, не сакам моите деца да бидат загрижени за мене. Сметам дека е многу важно да плачете во бањата додека се туширате, а не пред нив. Тие мора да знаат дека сè ќе биде добро, дури и кога вие не сте сигурни во тоа.

За здравјето: Мајката на Анџелина умира од рак на 56-годишна возраст, а болеста ја прогонуваше и актерката. Нејзината крвна слика не беше добра и актерката се сомневаше дека има рак, поради што направи превентивна двојна мастектомија на јајниците во 2013.

-Кога ги слушнав вестите дека немам рак, паднав на колена. Закажав операција за превентивно отстранување на јајниците. Отидов среќна на операција. Тоа беше превентивен чекор – објаснува актерката, која веднаш потоа се соочила со менопауза.

Минатата година пак, почнале проблемите со хипертензија, а и била дијагностицирана и Белова парализа, односно оштетување на лицев нерв, одговорен за контрола на мускулите на лицето, што резултира со зарамнување на истото, односно отсуство на насмевка, неможност за затворање на очниот капак од оштетената страна.

-Понекогаш, жените во семејствата се ставаат себеси на последно место, сè додека таа негрижа не се манифестира на здравјето.

Акумпуктурата е она што ѝ помогнало кај парализата.  Сега пак, се соочува премногу сува кожа, а и белите влакна ги има сè повеќе.

-Не можам да кажам дали е до менопузата или поради годинава што ја проживеав.

Идејата дека сè уште може да биде нечиј секс симбол за неа е смешна.

-Всушност, се чувствувам поженствено, бидејќи чувствувам дека сум донела паметна одлука за моите избори и бидејќи го ставам семејството на прво место, одговорна сум за мојот живот и здравје. И сметам дека тоа ја прави жената комплетна.

За кариерата: Во моментов немам многу простор за кариерата. Сега само сакам да направам што подобар појадок за сите нас и да се грижам за куќата. Тоа е мојата пасија сега. На инсистирање на децата, земам часови по готвење. Кога навечер се подготвувам за спиење си велам „Дали бев супер мајка или денес беше само просечен ден?“.

За односот со татко ѝ: После долги години лоша комуникација, Аџелина и татко ѝ повторно изградија близок однос, за кој зборува и во големото интервју:

-Одлично разбира дека на децата сега им треба дедо им. Минатата вечер морав да одам на психотерапевт и тој беше дома да им се најде. Неговото „правило“ е  – не дозволувај да си играат со тебе. Само биди кул дедо, кој е креативен, се дружи со нив и им раскажува приказни или им чита книги во библиотеката.

Улогата на мајка делумно и најблиска пријателка ја има Унг, нивната дадилка и помошничка дома.

-Таа е пријателка која ги засука ракавите, седна на авион и дојде да ми помогне. Таа е мојата најблиска пријателка, на која буквално ѝ плачев на рамо и на која можам секогаш да ѝ ги кажам маките.

За тоа да се биде Анџелина Џоли:  -Не можам да се сменам, таа сум. Никогаш не се разбудив и реков дека сакам „бомбастичен“ живот. Но, јас не можам поинаку. Како што не можам да направам касерола. Не можам да седам мирна. Девет месеци се трудам да бидам навистина добра во домаќинските работи и да го собирам изметот на кучето, да читам приказни пред спиење. И станувам сè подобра во сите три работи. Но, сега морам да облечам чизми и да одам на пат (во Африка). Пред некој ден се пошегував со Нокс. Му реков: „Преправај се дека сме нормални“, а тој ми врати: „Кој сака да биде нормален? Ние не сме нормални. И дај никогаш да не бидеме нормални“. „Ти благодарам . Ние не сме нормални и дајте да ја сакаме таа карактеристика кај себе“, реков на крај.

И иако повеќето се веројатно трогнати од ова интервју, „Њујорк пост“ јавно се изјасни дека не верува во приказната на Џоли.

Њујорк Пост:  „Се врати најголемиот манипулатор во медиумите“, пишува весникот.

„Минатиот септември, „Ти-Ем-Зи“ секои пет минути известуваше за разводот на Бред и Џоли. Тогаш тој беше тежок пијаница. Па потоа ја изневери Џоли и со колешката. Па потоа се дрогираше. Па имаше проблеми со бесот. Го малтретирал едно од шесте деца во приватен авион.  Во јануари на „Златните глобуси“, тој доби овации како дел од продуцентскиот тим на филмот „Moonlight“. Во мај за „GQ Style“ се „исповеда“, со понижен и извинувачки тон. Призна дека има проблеми со алкохолот. Зборуваше дека сака да биде подобар татко и маж. Единствениот погрешен чекор беше чудното видео во кое Пит носи маица од 700 долари и се тркала по песокот и плаче покрај логорот.

Сега е редот на Џоли. Таа го избра септемвриското издание на престижниот „Vanity Fair“ за нејзино ребрендирање. А притоа со одлична продажба. Како актерка, поминаа години откако беше во трката за „Оскар“. Таа се трудеше од 2011 наваму да се етаблира како режисер со последователните филмови „In the Land of Milk and Honey“, „Unbroken“, „By the Sea“, а во „Vanity Fair“ го промовира нејзиниот нов проект, „Нетфликс“ драма за геноцидот во Камбоџа, но она што навистина се труди да го продаде е Анџелина 4.0.

Првата е бисексуалка, зависничка. Втората е самохрана мајка на посвоени деца која истовремено станува и хуманитарка. Третата е едната половина на Бранџолина. А 4.0. е самохрана мајка, тазе разведена, конечно сместена во новиот дом после девет месеци живеење во изнајмени домови. Колку мрачно. Исто колку и тврдењето на Пит дека после разводот поминал речиси два месеца спиејќи на подот во куќата на неговиот пријател, како што мултимилионерите од А-листата не прават.

Џоли изјави како не сакала ништо гламурозно кога е куќата во прашање, само да се преселат брзо и добро. Дури се нема ни распакувано. Немала време ни мебел да купи, па нејзиниот пријател, декоратор, купил две софи и нафрлал перници за дневната соба, кои кучето ги раскинало.

Според кажаното во интервјуто, таа го балансира спасувањето на светот со родителството. Закажува прегледи кај доктори, готви… Тоа го зборува жената која според „Форбс“ (2011 година), троши 900.000 долари на дадилки за секое од децата и преку милион долари за приватни тутори.

Таа за магазинот открива и дека плачела додека се туширала, за нејзините деца да не ја видат, но сега кога ќе го прочитаат интервјуто ќе дознаат.

Исто така, тоа што се трудела да биде совршена самохрана мајка ја довело до фацијална парализа. „Понекогаш жените во семејтвата се ставаат себе на последно место“.

Исто така размислува дали била добра мјака или било просечен ден. Но, еве уште едно прашање: Дали некој навистина верува во ова? Џоли помина многу години во меурот наречен Бранџелина, со што е тотално надвор од чекорот со културниот живот. Сите видовме што се случува „зад сцената“. Сите сме сведоци на лажни скандали и папарацо фотографии.  Џоли мисли дека сè уште сме во ерата на Стариот Холивуд. Таа има подготвено сценарио за популарен магазин и убедена е дека публиката ќе ѝ верува, исто така што правеше Норма Десмонд“, е дел од текстот во весникот.

 

извор: fashionel.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top