Единствена промена во одродничкиот однос на СДС кон Македонците во странство ќе биде во тоа што сега, со договорот со Бугарија, соработката со Македонците во Албанија ќе може да се смета за недозволиво мешање во бугарските внатрешни работи, бидејќи Бугарија има политика да дели свои пасоши во Албанија, и не сака да се делат македонски, пишува новинарот Цветин Чилиманов во статус на Фејсбук.
„На СДС не им треба да потпишат некаков договор за да се откажат од грижата за Македонците во соседните држави. Единствениот пример каде Република Македонија успешно се ангажирала за Македонците е во Албанија. Поделивме пасоши, поделивме школарини за да се образуваат идните генерации. Луѓето се организираа во партија, имаат власт во своја општина, горди се што се Македонци. И што направија комуњарите? ИМ ГО УАПСИЈА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ!! ИЛЕГАЛНО!! ЗА ГЛУПОСТИ!! За Црпнатиот да се оправда за изборен пораз од 200.000 разлика (цел Пустец има неколку илјади жители)“.
Чилиманов прашува каков ефект има тоа врз Македонците во Пиринско, Егејско, во Гора, во Србија.
„Си викаат, бегај од овие будали, кај државата каде што живеам ме прави криминалец затоа што сум Македонец, уште и матичната, македонска државата ќе ми праќа некоја неписмена обвинителка да ме гони“, констатира Чилиманов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.