Жозе Мурињо во свој препознатлив стил ги отфрли шпекулациите дека во Челси ќе го доведе Кевин Принс Боатенг од Милан. Остро без влакно на јазикот Португалецот изјави: Потребен ми е фудбалер, а не манекен од модните писти. Кевин повеќе ја менуваше фризурата минатата сезона, од бројот на головите што ги даде. Не благодарам не ми треба таков профил на играч, рече Мурињо.
А, Боатенг беше желбата на „специјалниот“ во ланскиот летен преоден рок и тоа како засилување за Реал Мадрид. Но, сега се променија работите, а Боатенг речиси сигурно ќе си оди од Милан, каде не сакаа да му ја зголемат платата од 2 милиони евра по сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.